АктуелноБКФЦБокс

Гого Славески убедливо славеше против Тељо за осма победа во БКФЦ (ВИДЕО)

Македонскиот борец, Гого Славески, ја оствари осмата победа во БКФЦ (бокс со голи раце) откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите, по пет жестоки рунди.

Славески доминираше во борбата, неколку пати го испрати канадскиот натпреварувач во нокдаун, но тој некако успеа да ја заврши борбата. Судиите немаа голема дилема и без размислување го прогласија нашиот борец за победник.

Oва е осма победа на Славески во својата деветта борба во кариерата. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување. Последниот триумф го имаше во декември 2025 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON