Гого Славески на 15 септември се враќа во рингот во САД

Гого  Славески на 15 септември септември се враќа во професионалниот ринг во Роузмонт во Илиноис.

„Детали ќе ги знам наскоро, сега за сега само ја знам датата. Не го знам противникот, а не сум сигурен во која категорија ќе настапам. Можно е да настапам во суперсредна, а може и во средна категорија“, вели Гого Славески за Ipon.mk.

Да потсетиме дека Славески имаше две борби кои ги доби, а третата не се одржа поради повреда на шаката која поприлично време го одалечи од рингот, а мораше и да ја оперира. Сепак, со дозвола на лекарите Гого од пред некој месец почна да тренира.

„Раката се уште е слаба, што е нормално и очекувано. Почнав да ја користам пред  две недели, но до септември се ќе биде како што треба“, истакнува Славески.

Тој вели дека подготовките и тренинзите двојно ги зголемил од претходната борба и секој ден има по два тренинга.

И овој пат е уверен во својот настап.

„Ќе одам на нокаут, како и секогаш. Борбата е во 4 рунди, така што да нема многу време за тактизирање. Победата е неминовна“, нагласува Славески.

До крајот на годината треба да има минимум уште два меча, но вели дека се зависи од  промотерите, а тој вели дека е подготвен и дека чека само датум.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON