Заврши настанот БКФЦ 26 кој се одржа на Флорида, Гого Славески забележа уште една нокаут победа.
Во главната битка Луис Паломино стана двоен шампион. Шампионот во лесна категорија ги одмери силите со Алвин Брито за титулата во полусредна категорија. Паломино победи со одлука – (48-47, 48-47, 49-46). Така тој веќе е шампион во лесна и полусредна категорија.
Во коглавната борба Франческо Ричи го победи Ули Дијаз со нокаут во првата рунда. Ричи ја освои привремената титула во средна категорија.
На овој настан настапи и Горјан-Гого Славески кој славеше со нокаут во првата рунда против Џастон Стилс.
Ова е втор меч на Славески за БКФЦ и втора победа во низа. На првата средба во април извојува победа со нокаут над Рамал Аманов од Русија.
Резултати:
Главна карта
Луис Паломино – Елвин Брито со одлука на судиите (48-47, 48-47, 49-46)
Франческо Рики – Ули Дијаз со ТКО Р1, 1:16
Британија Харт – Бек Ролингс со одлука (49-46, 49-46, 48-47)
Џими Ривера – Хауард Дејвис нерешено (45-49, 47-47, 47-47)
Брајан Дуран – Брејден Тови со КО Р1, 1:15
Блејк Дејвис – Коди Бејерл со ТКО Р1, 1:54
Горјан Славески – Џастон Стилс со КО Р1, 1:06
Кери Каприо – Тајлер Рендал со КО Р3, 1:45
Прелиминарни:
Стив Таунсел – Идриз Васи со КО Р4, 1:14
Фреди Масабо – Вил Шат со КО Р2, 1:21
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram