Гого Славески: Целта е да се земе светска титула во БКФЦ

Вечерва Гого Славески ќе дебитира во БКФЦ – бокс со голи раце, без ракавици, во Лудердејл, против Аманов.

Слевески е првиот Македонец што ќе се бори со голи раце и ќе има протовник од Русија.

„Противникот изгледа наивно, но 16-5 му е скорот како профи боксер има освоено и некоја титула во Русија, па очекувам да пружи отпор“, вели Славески.

Инаку, Гого Славески досега настапуваше во САД како професионален боксер со скор 8-2, а зашто го одбрал овој спорт, тој вели:

„Причината што го одбрав овој спорт е затоа што мислам дека се тука пронаоѓам, дури и повеќе отколку во боксот, но времето ќе покаже.

Ова не значи дека ја прекинувам мојата боксерска кариера, но поради  политиката во боксот тешко се закажува соодветна борба.

Се додека не се пружи добра шанса ќе бидам во БКФЦ , а и идејата и целта е да се земе светска титула и во овој спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON