Еден од нашите најуспешни боксери во последните неколку години во сениорска конкуренција Гоце Јанески се врати од Швајцарија и одржа тренинг во матичниот клуб БК Аперкат од Скопје со тренерите Мирко Ристески – Мице и Оливер Станков и другарите.
Осевн тоа, тоа утре ќе присуствува на Меѓународниот меморијален турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово како поддршка на клупските другари во борбата за државаната титула.
Инаку Јанески тренира во Цирих, Швајцарија, и се подготвува за поголем исчекор во боксот.
Да потсетиме дека Јанески беше најуспешен боксер во првото издание на Регионалната бокс лига пред неколку години со скор од 8 победи и 2 порази. Тој освои бронзен медал на Балканското првенство за сениори во 2019 година во Анталија, Турција, после 20 години за Македонија. Јанески е освојувач и на Златниот гонг. Минатата година учествуваше и на квалификациите во Лондон за Олимписките игри во Токио.