Нов пресврт: Тајсон Фјури е негативен на корона тестот

Тајсон Фјури e негативен на коронавирус и веќе лета за Англија. Шампионот во тешка категорија го одложи својот меч со Дионтеј Вајлдер пред само неколку дена, затоа што бил заболен со Ковид-19.

За помалку од една недела, во телото на Британцот нема трага од болеста.

„Кралот на Ромите“ ги започнува подготовките за големиот меч кој беше одложен за 9 октомври. Според планот, среедбата требаше да се одржи на 24 јули.

Многумина се сомневаа дека тој има коронавирус, а теориите на заговор објаснија дека не се продадени доволно билети и платени гледања.

Сегашната состојба ја зголемува напнатоста. Наместо двонеделен карантин, Фјури беше снимен како се забавува во Лас Вегас, а потоа побрза дома.

Наскоро се очекува да се врати во Америка и да започне нов камп за третиот меч со Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО