Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Џамал Хил, се соочува со обвинение за семејно насилство откако наводно го претепал својот брат. Веста доаѓа од ТМЗ.
Хил, наводно, рано во понеделникот бил задржан во затворот во округот Кент (Мичиген) и бил ослободен истиот ден. Државното обвинителство го обвини за тешко семејно насилство за наводен напад на Џејмс Ентони Хил Јуниор, предизвикувајќи му „сериозна или тешка повреда“, се вели во извештајот.
Според извештајот, Хил Јуниор е „член или поранешен член“ на домаќинството на поранешниот шампион, но дополнителни извори потврдија дека тој е брат на Хил. Џамал треба да се врати на суд во јануари за да одговори на обвиненијата. Неговиот претставник, Брајан Батлер од Сукерпанч ентертејмент, одби да го коментира наводот.
Хил беше меѓу неколкуте борци кои застанаа во одбрана на Дана Вајт, откако директорот на УФЦ беше фатен на камера како и удира шлаканица на сопругата. Сега очигледно Џамал зел пример од Дана и решил да се справи со својот брат.
Оваа годинава Хил го победи Гловер Тешеира и ја освои титулата во полутешка категорија. Се очекуваше да ја брани против Јиржи Прохаска, но повредата го натера да ја ослободи. Така Алекс Переира го победи Прохаска и сега владее со дивизијата. Хил најверојатно ќе се бори со него за титулата во неговата следна борба.
View this post on Instagram