Го судат поранешниот противник на Тајсон Фјури за скршена вилица на девојката

Германецот Том Шварц, кој се прослави со мечот против Тајсон Фјури во 2019 година, ќе мора да оди на суд.

26-годишниот боксер е обвинет за нанесување тешка телесна повреда на поранешната свршеница. Според обвинението, Шварц и ја скршил вилицата на неговата тогашна партнерка, удирајќи ја сериозно во пределот на лицето.

Според обвинението, инцидентот се случил во мај минатата година во Германија по скандалот меѓу девојчето и поранешниот интернационален шампион во тешка категорија на ИБФ.

Доколку Шварц биде прогласен за виновен, може да биде осуден на 10 години затвор. Германецот не се борел од септември 2019 година, кога го освои појасот на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON