Фановите на боксот беа сведоци и на една необична борба во која главните улоги ги имаа Франк Санчез и Хулијан Фернандез на настанот Канело Алварез-Калум Смит во Тексас, каде што Мексиканецот ја покажа својата класа и освои два појаси во супер средна категорија.
Санчез влезе во битката како боксер без ниту еден пораз во кариерата, а таквиот статус ќе го одржува и во блиска иднина, бидејќи вчера му приреди класичен нокаут на предизвикувачот кој заврши зад јажињата.
Кубанецот изрежира еден од најнеобичните нокаути во поновата историја на боксот, бидејќи противникот буквално заврши надвор од рингот по завршните удари.
За волја на вистината, Мексиканецот Фернандез во текот на борбата се одлучи за една необична техника и го провоцираше ривалот да му задава удари, но во седмата не можеше да издржи на нозе по силните диреци и заврши зад јажињата.
"That's a bold strategy Cotton, let's see if it works out for him." pic.twitter.com/YSSZkrp9gC
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 20, 2020