Го пречекаа во Русија како херој Вадим Немков (ВИДЕО)

Новиот шампион во полутешка категорија во Белатор, Вадим Немков, се врати дома по победата над Рајан Бадер.

28-годишниот Русин го растури поранешниот двоен шампион и го нокаутира во втората рунда на Белатор 244 минатата недела во Конектикат. Штитеникот на Федор Емелијаненко се ревеншира за својот учител и влезе во серија од 7 последователни победи, од кои 6 се до завршница.

Немков го зголеми скорот на 12-2 и 11 се со завршица. Вадим слета во Белгород, каде го чекаа многу негови сонародници, кои го поздравија како херој.

Немков е првиот руски шампион во тешка категорија на Белатор.

Вака беше пречекан младиот шампион:

https://www.instagram.com/p/CEP07v5g3gK/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО