Да добиеш син појас во бразилско џиу џицу е сериозно достигнување. Потребно е многу време и напор за да стигнеш до син појас, кој е прв од скалата по белите. Секако, повеќето сали имаат различни оценки за секоја боја.
Сосема поинаква работа е да стигнеш до црниот појас, тоа дефинитивно е исклучително достигнување. Иако и кај црните појаси постојат различни нивоа во зависност од искуството или кај кој инструктор е добиен појасот.
Во следново видео можете да видите снимки од една од академиите во Норвешка. Таму јасно се гледа дека често меѓу сините и црните појаси има голема разлика, што се однесува до вештините.
Овде можете да видите како борец кој има црн појас, се соочува со носител на син, но користејќи ја само едната рака. Во другата тој држи шише со пиво.
Па, по сè изгледа дека тука синиот појас се уште има многу да учи. Видете го видеото:
.