Студиото Амазон МГМ го објави првиот трејлер за римејкот „Роуд хаус“ од 1989 година, кој ќе биде достапен глобално на Парјм видео на 21 март.
Во филмот глуми Џејк Гиленхал како поранешен борец на УФЦ кој се бори да врзе крај со крај. Откако еден сопственик на куќа во Флорида Кис ќе го најде како спие во неговот автомобил, Елвуд Далтон станува платен убиец и се наоѓа во војна со криминалците. Ќе го видиме и филмското деби на Конор Мек Грегор, кој во филмот ќе се бори со Џиленхал.
Оригиналниот филм заработи скромни 30 милиони долари со буџет од 15 милиони долари, но оттогаш стана култна класика и една од најомилените улоги на Патрик Свејзи. По објавувањето на трејлерот, поранешниот шампион на УФЦ, Мек Грегор, на Х напиша:
„Борба, глума, нема ништо што Мек не може да направи! Моето актерско деби ќе остави трага!“, напиша Ирецот.
Мек Грегор (35) не се борел од јули 2021 година, кога ја скрши ногата во вториот последователен пораз од Дастин Пориер.
Се очекува Ирецот да се врати во октагонот во јуни, откако пред речиси една година беше најавена борбата со Мајкл Чендлер. Борбата се соочи со бројни одложувања, а отсуството на Мек Грегор од тест панелот на Американската антидопинг агенција (УСАДА) се покажа како проблематично.
Сепак, сега,Мек Грегор даде допинг тестови и се шпекулира дека ќе направи големо враќање во текот на летото.