Го нокаутира и го испрати на операција на мозок и сега: Плачам и се молам за тебе…

Американскиот боксер Чарлс Конвел напиша емотивно писмо до Патрик Деј, кој го нокаутираше во понеделникот, по што Англичанецот заврши во кома.

Американецот жали поради несреќниот случај, кој го испрати Деј во болница на операција на мозокот, по која остана боксерот во кома.

Неговиот тренер Џо Хигинс кажа дека 23-годишниот боксер се бори за својот живот, а тоа тешко му падна на Конвел.

„Никогаш немав намера да се случи ова. Само сакав да победам. Кога би можел да го вратам времето, тоа и би го направил. Никој не заслужува ова да му се случи. Борбата ја враќам назад во главата и размислувам што би се било кога никогаш не би се случило ова, како и зошто се случило. Не можам да престанам да мислам за тоа. Плачев и се молев неколку пати за тебе, зашто не можам да замислам како би се чувствувало моето семејство во таков случај. Размислував да го напуштам боксот, но не знам дали е тоа што сакам да го направам. Знам дека си борец во срцето и решив да не го направам тоа, туку да се борам и да ја освојам светската титула, а тебе ќе те користам како мотивација“, напиша Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON