Го најдоа Емилијаненко пијан до градинка (ФОТО)

ММА борецот Александар Емилијаненко, кој е брат на легендата Федор, пак си го покажа карактерот. Овој пат Русинот беше пронајден пијан на игралиште, откако полициските службеници добиле дојави од граѓани за „пијан спортист“.

Сепак, адвокатот на Емелијаненко, Кахабер Долобадѕе, рече дека неговиот клиент не пиел, а полицијата едноставно го одвела на полициската станица.

„Некои други луѓе јавно користеа алкохол. Мислам дека дури нема и записник во станицата. Саша е веќе дома“, рече адвокатот.

Сепак, на фотографијата се гледа како Емелијаненко седи покрај автомобилот со друг човек и до нив има шише.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО