Поранешниот ММА борец и ветеран на УФЦ, Тито Ортиз е меѓу оние кои ја негираат ефективноста на маските за лице и ги негираат. На почетокот на овој месец, тој ги шокираше сите свои колеги во Градскиот совет на Хантингтон Бич, каде што во моментов работи како градски советник.
Соодветната реакција не доцнеше – од денес, на Ортиз официјално му е забрането да влегува во градскиот совет, бидејќи не сака да носи маска. Неговото присуство на состаноците на советниците ќе биде преку компјутер.
Ортиз е еден од поборниците на теоријата дека коронавирусот намерно е создаден од научници.
Но, не само што неговите колеги во градскиот совет се загрижени за однесувањето на Ортиз – и сограѓаните се шокирани. Одбивал да става маска каде и да оди.
Mayor Pro Tem Tito Ortiz’s 2021 isn’t off to the best start. pic.twitter.com/vSW3HRWs8j
— Borrachinha Depot (@FullContactMTWF) January 5, 2021
„Првиот состанок го имавме во библиотеката Хантингтон бич за оваа година. Кога отидов на состанокот, градоначалникот Ким Кар рече дека не можам да влезам без маска. Сега ќе треба да се придружам на состанокот на компјутер со зум програмата. Одличен начин за почеток Нова година. Принуда”, изјави Ортиз.
Во моментов се собираат потпис Ортиз да биде исфрлен од советот. Акцијата е покрената само на 17-тиот ден откако Ортиз е примен ви Советот.