Глупост на векот: ММА-борец скокна во замрзнато езеро и си ја скрши – главата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите борци во ММА во бантам категорија, Мераб Двалишвили, направи огромна глупост, откако скокна на глава во – замрзнато езеро.

Тој тренираше во близина на водата, по што реши да се „олади“ без разлика на студеното време. Мислејќи дека водата е само прекриена со снег, но се измами и сериозно се повреди.

„Мислев дека ќе имам одличен ден за тренинг и трчање во парк. Тогаш го видов езерцето за кое мислев дека е само покриено со снег. Но, испадна дека е замрзнато, а имаше и гранки од дрва. Во моментот кога удрив во водата почувствував дека кожата од главата ми отпаѓа. Но, тоа беше помалку болно, од моментот кога ме сошиваа. Сега е сѐ во ред“, изјави Двалишвили.

Тој има учинок 12-4 во ММА кариерата, додека во УФЦ-серијата има пет победи и два порази. За среќа, повредите на главата не му се сериозни, па веднаш ќе може да продолжи да тренира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON