По трите победи во најсилната светска ММА организација Алекс Переира доби шанса да се бори со Израел Адесања за титулата шампион на УФЦ во средна категорија.
Судирот на старите познаници од деновите на кик боксот ќе биде главен настан на УФЦ 281 кој ќе се одржи на 12 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк.
Алекс беше поуспешен на двата меча против Израел.
Кога Бразилецот се префрли во ММА, му требаше тренер кој ќе го научи да се борење и борба во партер , па го избра сонародникот Гловер Тешеира.
Поранешниот шампион во полутешка категорија го пофали Алекс и најави дека убедливо ќе стигне до шампионскиот појас.
„Целосно е фокусиран на ММА. Алекс со цело срце ја посакува оваа победа и има голема самодоверба. Адесања е голем борец, но тоа не е важно. Переира е добар од далечина и начинот на кој создава притисок е различен, а Адесања го знае тоа“, истакна Гловер Тешеира и додаде дека Переира е исклучително силен борец:
„Мислам дека Адесања нема шанси против Переира. Може да се случи да има лош ден, а потоа да загуби со одлука на судиите. Ако Адесања нападне, барајќи рванш за нокаутот, тогаш тоа ќе заврши лошо. Алекс повторно ќе го нокаутира во првата рунда“.