Гловер Тешеира му удри шлаканица на Алекс Переира (ВИДЕО)

Алекс Переира, актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, се чини дека времето го поминува надвор од октагонот на креативни начини. По напорната 2024 година во која успешно ја бранеше титулата три пати, Переира го продолжи својот тренинг режим под водство на поранешниот шампион на УФЦ, Гловер Тешеира.

Алекс последен пат се бореше во октомври и го победи Hалил Раунтри Jуниор на UFC 308 во Абу Даби. Оттогаш, тој чека нов противник и датум за борба, но останува активен и вклучен во салата. На својот профил на социјалните мрежи Переира сподели хумористично видео со своите 6,2 милиони следбеници.

Во видеото Переира стои со рацете зад грб додека Тешеира се подготвува да го удри, во пародија на Пауер слеп. Иако Тешеира всушност не го удри силно, Переира се преправаше дека е речиси нокаутиран и се тресеше низ салата. Алекс откри кон крајот на 2024 година дека планира да се бори во март, а неговиот следен противник останува мистерија.

Магомед Анкалаев, главниот конкурент во полутешка категорија, првично изгледаше како очигледен избор. Но Переира ја отфрли оваа идеја и не го именуваше Анкалаев како следен противник. Навивачите ќе мора да чекаат потврда од УФЦ пред да дознаат со кого ќе се соочи Переира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО