Гловацки и Усик се соочија на отворен тренинг (ВИДЕО)

Glovacki  Usik soocuvanje

Се одржа отворен тренинг за борбата за светската титула на ВБО во леснотешка категорија.

На 17 септември во Гдањск, Кристоф Гловацки (26-0, 16 КО) пред повеќе од 15.000 фанови по втор пат ќе го брани појасот против олимпискиот шампион Олександар Усик (9-0, 9 КО).

30-годишниот Полјак кој го освои појасот против Марко Хук, прват одбрана ја направи во април со поранешниот светски шампион Стив Канингем.

Украинецот (29 г.) последен пат се бореше во декември и со технички нокаут во седмата рунда го  победи Педро Родригез од Куба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО