Глори кик бокс заврши во стечај и е пред банкрот

Најголемата кик бокс организација во светот „Глори“ е во големи финансиски проблеми и е во стечај, а и се заканува банкрот.

Медиумите во Холандија шпекулираат дека Глори ја затвори канцеларијата во Холандија и сè уште не ги исплати платите на борците кои се бореа на гала вечерта GLORY Collision 2, што се одржа минатиот декември и беше предводена од Бадр Хари и Рико Верховен.

Арон Бронстетер изјави на социјалните мрежи дека според неговите извори, организацијата прогласува банкрот и очигледно ќе ги напушти борбите. Глори планирала неколку настани за изминатите месеци, но мораше да бидат откажана поради пандемијата со Ковид-19. Сепак, ова не е главната причина за финансиските проблеми, бидејќи тие не исплатиле плати од минатата година.

Дали е ова крајот на Глори која беше создадена во 2012 година?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО