ГЛОРИ 29: Исмаел Лондт го освои турнирот на тешкашите (ВИДЕО)

ismael londt glory 29

Исмаел Лондт во својот прв настап за Глори го освои турнирот на предизвикувачите во тешка категорија.

На Глори 29 во Копенхаген, 30-годишниот Суринамец со поделена одлуката на судиите во финалето го совлада Јафар Вилнис.

Лондт во првите 30 секунди од мечот погоди шест лои кикови. Вилнис работеше нешто подобро со рацете, додека „Г-динот Болка“многу подобро ги употребаваше нозете. Во втората рунда Суринамецот повторно влегува агресивно, го напаѓаат со нозете неговиот противник. Се обиде неколку пати со летечко колено и добро го погоди со аперкат и кроше. Во средината на борбата останаа сила и Вилнис почна да го користи тоа и успеа со десно кроше да го стресе противникот. Лондт по паузата се обиде да го реши мечот уште на почетокот, но не успеа. Потоа влегуваат во отворена размена во која Лондт погодуваше со многу посилни, а Вилнис со нешто повеќе удари.

Лондт во следната борба ќе го предизвика првакот Рико Верховен, кој веќе го победи во 2009 година.

Џафар Вилнис имаше многу полесен противник во полуфиналето и без поголеми проблеми со едногласна одлука судиите го елиминирани Кирил Корнилов.

Лондт премногу пасивни влезе во мечот со Андерсон Силва и ја загуби првата рунда. Одеше напред и правеше пасивен притисок, но прими повеќе удари. Успеа да погоди со летечко колено, но Бразилецот го потресе со лево кроше пред крајот на првата рунда. Суринамецот во втората влегува поагресивно. Почна да ги поврзува ударите и добра поентира со комбинација на средни удари, аперкати и со колено во средината на рундата. Добро напаѓаше со коленото во телото и главата. На почетокот на третата рунда Лондт го брка Силва во ќош и го нападна со крошеа и колена. Во средината на последната рунда со аперкат и десен директ го собори Силва и помина во финалето со тешко објаснива мнозинска, наместо на едногласна, одлука на судиите.

Во еден од најдобрите борби годинава Ники Холцкен ја одбрани титулата вовелтер категорија против Јоан Конгол. Во својата 100-та борба „Природно“ славеше со тешко изборена едногласна одлука на судиите. Конгол е во третата рунда со сјаен увртен удар наназад го собори Холанѓанецот, но не се работеше за нокдаун. Холцкен упеа пред крајот на петтата рунда да го скрши отпорот на Швајцарецот.

Иако ја прифати борбата 48 часа порано и се качи во категоријата до 70 килограми, тоа не му пречеше на шампионот во преолесна категорија, Сергеј Адамлук целосно да доминира против домашниот борец Мохамед Ел-Мир.

Глори на 25 јуни ќе се врати во Амстердам. На Глори 31 Артем Вахитов ќе ја брани титула во полутешка категорија против Мурад Бузиџи од Тунис.

Glory 29 Kopenhagen:
Nieky Holzken – Yoann Kongolo (ednoglasna sudiska odluka; 49-46, 49-46, 48-47)
Serhiy Adamchuk – Mohammed El-Mir (ednoglasna sudiska odluka)

Finale:
Ismael Londt – Jahfarr Wilnis (podelena odluka na sudiite; 29-28, 28-29, 29-28)
Polufinale turnira:
Ismael Londt – Anderson Silva. (mnozinska odluka na sudiite; 29-27, 29-27, 28-28))
Jahfarr Wilnis def. Kirill Kornilov (ednoglasna sudiska odluka; 30-27, 30-27, 29-28)

GLORY 29 SUPERFIGHT SERIES:

Zack Mwekassa – Zinedine Hameur-Lain (ednoglasna sudiska odluka; 29-28, 29-28, 29-28)
Tomas Mozny – Cihad Kepenek (ednoglasna sudiska odluka – ekstra runde)
Meran Zangana – Jonatan Oliveira (TKO, R3)
Abdou Karim Chorr – Rhassan Muhareb (ednoglasna sudiska odluka; 30-26, 30-26, 29-27)
Harut Grigorian – Máximo Suarez (KO, R1)

https://youtu.be/lycAmtecUJ4

https://youtu.be/sAcsgs-CDKs

https://youtu.be/sEhujU3HXyI

https://www.facebook.com/TheMMABulletin/videos/843322222443899/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON