Глигор Стојанов во борбата за мај тај титулата на Риал хироу во Банког во Тајланд е поразен од противник од Кина.
„Борбата за мене не беше добра, бидејќи утрото пред мечот се повредив правејќи шпага. Поради ова ми се блокира бутниот мускул. За четири недели ќе има нов турнир и најверојатно ќе се борам на 72 кг, а сега се борев на 75 кг и имав само шест дена тренинг“, изјави Стојанов за Ipon.mk.
https://www.facebook.com/realherolive/videos/792100134319882/
Турнирот на новата организација Риал хироу беше за појас и за парична награда од 3.000 евра. Реал хироу е нова организација во Азија, а борбите се во една рунда од 5 минути на ММА ринг.
Ipon.mk