Се повеќе се зборува за потенцијален боксерски меч меѓу поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа и кинеската тешка категорија Жилеј Жанг што би се одржала на крајот на годината.
Биг Бенг го победи поранешниот сребрен олимписки медалист (Рио, 2016) Џо Џојс со нокаут двапати оваа година. И Кинезот освои сребро на Игрите во Пекинг во 2008 година.
По неодамнешната победа над Џојс, 40-годишниот Жанг истакна дека сака голема борба, а несомнено е дека мечот против Ентони Џошуа би бил еден од најголемите предизвици во неговата кариера.
Минатата недела промоторот на Џошуа, Еди Херн, рече дека би можеле да размислат за борба со Филип Хрговиќ, кој е првиот предизвикувач на ИБФ.
Но, откако организацијата го ажурираше рангирањето, Ото Валин го прескокна Еј Џеј, и ќе биде првиот што ќе добие шанса за меч против хрватскиот боксер.
Така Џошуа засега е надвор од комбинација за мечот против хрватскиот борец, па бара нов противник.
А, доколку се договори дуел меѓу Еј Џеј и Жанг, тоа ќе биде реванш од Олимписките игри во Лондон во 2012 година, кога Британецот во четвртфиналето го совлада кинескиот боксер на патот до златниот медал.
Борбата беше многу тесна, а победникот беше решен со компјутерско бодување, кое беше укината за Олимпијадата во 2016 година.
По двата порази од Александар Усик (во првата борба ги загуби шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО), Џошуа годинава со едногласна одлука го победи Џермејн Френклин, а во седмата рунда го нокаутира Роберт Хелениус.
Кинескиот тешкаш минатата година во август со едногласна одлука загуби од Филип Хрговиќ, но сега вниманието се сврте кон себе по двете убедливи победи над Џо Џојс.