Гласини: Средбата Мејведер-Мек Грегор ќе се одржи септември

Kolin Kauhrd

Водителот Колин Каухрд кој е упатен во случувањата во ММА и близок до претседателот на УФЦ, Дана Вајт, открива дека има информации за враќањето на Флојд Мејведер во боксот на средба со шампионот во перо категори Конор Мек Грегор.

„Во наредните две недели ќе испливаат вестите. Веќе ми резервираа две соби за 17 и 18 септември во Лас Вегас. Информациите ми се дека ќе се одржи средбата. Добив неколку повици, Резервирани соби … Во септември средба меѓу нив ќе има. За последната средба Мејведер успеа да собере само 550.000 луѓе, иако сака да го предизвика интересот на барем 2-3 милиони гледачи. Сметам дека тоа ќе биде многу важно за СиБиЕс и Мејведер, средбите со години ги работат заедно. Од СиБиЕс зборувале со Фокс кои ја покриваат УФЦ, па вмешани се Фокс, СиБиЕс, УФЦ, имаме бокс, Флојд, Конор … Оваа средба ќе биде спектакуларна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО