Откако минатата недела заврши епскиот дуел меѓу Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор на УФЦ 202, по кој Ирецот почна да се поврзува за нови борби.
Изгледа шампионот во лесната категорија, Еди Алварез, навистина сака да се вклучи во циркузот. Откако беше потврдено дека Ронда Русеј нема да учествува на УФЦ 205, извори блиски до организацијата велат дека Алварез ќе ја брани титулата против Мек Грегор на УФЦ 205 во Њујорк на 12 ноември.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека Мек Грегор треба да ја брани титулата во перо категорија, инаку ќе биде лишен од неа. Сепак, според изворите, има шанси Мек Грегор да остане шампион до борбата против Алварез.
Алварез го освои шампионскиот појас на УФЦ фајт најт 90, кога во првата рунда го нокаутира Рафаел дош Ањош. Малку подоцна го предизвика победникот од битката меѓу Мек Грегор и Дијаз.