Бени Османоски стана амбасадор на „Хелфер“-светски познатата фирма за часовници (ВИДЕО)

Beni so casovnikot 1

Светскиот првак во К-1, Бени Османоски, стана амбасадор на една од најпознатите светски фирми за часовници „Хелфер“ од Женева Швајцарија.

Beni so casovnikot i pojasot 2

„Потпишав договор со една од најголемите фирми и најскапите часовници од швајцарско проозвотство со голем квалитет. Договорот со оваа фирма ми дава голема мотивација, самодоверба и желба уште повеќе да го правам тоа во што сум најдобар меѓу најдобрите, изјави за Ipon.mk момечето до Октиси кај Струга, Бени Османоски.

Османоски вели дека договорот е на неодредено време.

„Сега, јас сум амбасадор на оваа фирма која е распространета во најскапите градови во светот, како што се Абу Даби, Париз, Женева,Токио, Лас Вегас и многу други градови во белиот свет. Сопственикот на оваа фирма е воодушевен од мене. Не само од мојата спортска кариера, туку и од тоа како се трудам, вложувам и го градам мојот живот, мојот карактер и моето однесување, како мотивација и пример за другите луѓе, истакнува светскиот првак Бени.

Beni so casovnikot vo kola 3

Тој летово подготовките, по традиција, ги направи во родното Октиси, затоа ќе рече:

„Во моето родно Октиси си поминав најубаво. Што се вели „дома си е дома“. Одработив неколку тренинзи и физички и психички, а во Швајцарија продолжив. Само уште малу и ќе бидам во совршена форма за мојата следна борба“.

Борбта која следува е наскоро, во септември, а Османоски има големи очекувања, што и се подразбира за еден шампион.

„Моите очекувања во следната борба се сведуваат само на еден збор –победа. Нормално, тренирам „лудо“, па ако сака Господ по трети пат ќе ја одбранам мојата светска титула во ВКУ“, нагласува Османоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО