„ГЛАСАМ ЗА“-МАСАО КАГАВА: Сега сме на почетокот на остварувањето на сонот!

kagava pred alkesandar Veliki

Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.

Kagava i Martin

Акцијата ја продолжуваме со живата легенда на каратето и човекот кој со сите сили го турка процесот за карате спортот да стане олимписки спорт, шихан МАСАО КАГАВА:

„Зошто Јапонија сака каратето да влезе на Олимписките игри?!

Како и секој човек на земјината топка, што знае дека Олимписките игри се најголемата спортска манифестација, а воедно и најгледаната во светот, така што, јас, како Јапонец, кој 50 години се занимава со карате, отсекогаш мојот сон бил каратето да дојде на Олимписките игри. Со самото влегување на каратето на ОИ, во светски размери, како и сите други спортови кои, земаат учество на Олимпијадата, владите ги подржуваат. Таа поддршка ќе расте уште повеќе. Јас ќе бидам најсреќен, бидејќи отсекогаш ми било сон, каратето да биде член на ОИ. Еве, сега сме на почетокот на остварувуњето на сонот“.

Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО