Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.
Честа да ја предводи акцијата ја има освојувачот на првиот медал (бронзен) за Македонија од Европските игри во Баку, Азербејџан, ЕМИЛ ПАВЛОВ.
„Па вака, доколку каратето се најде на Oлимпијатада во Tокио во 2020 год, тоа за мене значи остварување на најголемиот спортски сон.
Уште од мал, кога ги гледав Олимпијадите, сонував еден ден да бидам дел од тие спортисти. Па, се надевам, доколку каратето влезе во олимпиското семејство и јас ќе бидам учесник на тие Игри.
Зошто да не го донесам и првиот олимписки медал за македонското карате, како што го освоив и првиот медал од Европските игри во Баку“!?
Гласајте за каратето на Олимписките игри 2020 во Токио ТУКА http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972.
ipon.mk/В.Д.