Гига Чикадѕе го реши Свансон за 63 секунди (ВИДЕО)

Гига Чикадѕе брзо го совлада Каб Свансон на УФЦ Вегас 25.

На почетокот на борбата Чикадѕе бараше комбинации на удари. Успеа да му зададе тежок удар со нога во стомакот на Свансон, кој се свитка од болка на подот. Чикадѕе го опсипа со удари, што го принуди судијата да ја прекине борбата. Така, Гига победи со технички нокаут за 63 секунди.

Ова беше прва битка од главната карта на вечерта, која заврши со завршница. Со оваа победа Чикадѕе влезе во серија од 8 последователни победи. Свонсон, пак, се раздели со серијата од две последователни победи. По победата, Гига ги предизвика Макс Холовеј и Калвин Кејтар.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО