ГФЛ ги претстави првите борби за дебитантската гала

ГФЛ продолжува полека да го расплетува својот план за првата ММА гала вечер. Овој пат дознавме за три борби кои треба да се одржат во блиска иднина.

Најинтригантнa меѓу нив се чини дека е пресметката во средна категорија меѓу Крис Вајдман (16-8) и Лук Рокхолд (16-6). Тие двајца се стари познаници од годините во УФЦ. Во декември 2015 година Рокхолд го нокаутира Вајдман во четвртата рунда и сега, 10 години подоцна, време е за реванш.

Јоел Ромеро (16-7) е уште едно интригантно име потпишано со синџирот. Тој ќе се соочи со Маурицио Руа (27-14-1) во пресметка во полутешка категорија. Ова ќе биде нивна прва пресметка и покрај тоа што многу време поминаа и во УФЦ.

Во уште еден меч во средна категорија ќе го видиме Урија Хол (18-11) против Даглас Лима (33-12). Овде ќе видиме пресметка меѓу поранешен борец на УФЦ и еден од Белатор.

Сè уште не е познато каде и кога ќе се одржи првиот ГЛФ настан, но ќе ве известуваме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON