Гервонта со прекин во родниот град ја одбрани ВБА титулата (ВИДЕО)

Гервонта Дејвис (22-0, 21 КО) во родниот Балтимор по втор пат ја одбранититулата на ВБА во суперперолесна категорија.

24-годишниот Американец пред повеќе од над 14.000 гледачи со технички нокаут во втората рунда го победи Рикардо Нунез (21-3, 19 КО).

Задолжителниот предизвикувач од Панама го држеше Дејвис во моментот кога овој зададе удар што го определи текот на борбата.

„Тенк“ сериозно го здрма со лево кроше, а и не престана да напаѓа и погаѓа додека судијата не ја прекине борбата за да го спаси Нунез.

https://www.youtube.com/watch?v=q34fVHs6ilg
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО