Ентони Џошуа и Енди Руиз ќе се борат на 14 декември во Кардиф

Еди Херн вели дека втората борба меѓу неговиот борец Ентони Џошуа и шампионот во тешка категорија Енди Руиз ќе се одржи на 14 декември во Кардиф.

Минатиот месец Руиз го шокираше светот со нокаутот на Џошуа, со што му го нанесе првиот пораз и му ги одзеде појасите. За среќа, Џошуа во договорот имаше клаузула за итен реванш, а Херн ќе го извести Руиз за местото и датумот дека веќе се избрани.

Многумина од навивачите беа свесни дека втората битка ќе се одржи во Кардиф, за да ја подигне самодовербата на Џошуа, но пред неколку недели Руиз изјави дека нема да оди таму ако му понудиле помалку од 50 милиони долари. Сепак, Херн не е заинтересиран и верува дека Руиз мора да оди во Англија, затоа што добил шанса за титулата од никаде.

„Руиз мора да има реванш, такви се клаузулите во договорот. Тој доби шанса за титулата од никаде. Го избравме од листа на противници. Мора да покаже почит и да го почитува договорот што го направи. Руиз е добро момче и не се сомневам во тоа. Енди ќе ги почитува условите, но има луѓе кои влијаат врз него. Верувам дека битката ќе се одржи на 14 декември во Кардиф. Наскоро ќе завршиме сè.

Борбата можеби да биде потешка во Англија, затоа што ќе има поголема тензија за Џошуа пред домашните навивачи. Џошуа се бореше со Руиз во САД, каде што порасна Енди. Овој пат, Руиз мора да дојде кај нас. За мене лично, ќе има помалку напрегање ако реваншот повторно е во САД. Не би било  добро Џошуа да загуби и во татковината. Ќе има многу повеќе напрегање за Ентони.

Во боксот ништо не ме изненадува, и мислам дека Руиз беше подобар таа ноќ. Никогаш не сум рекол дека Џошуа е непобедлив. Ентони учи и не е завршил. Ќе ја добиеме втората битка. Ќе го тужам Руиз за многу пари, ако не се бори против Џошуа во следната негова борба“, рече Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО