Веб-страницата на Grapplearts е местото каде што можете да најдете куп висококвалитетни видео-игри на тема борби во партер и како да ги подобрите своите вештини, а меѓу тие работи се наоѓа една особено интересна работа. Во прашање е древна вештина настаната во Баварија, германската џиу-џица.
Со пригодна костимографија и уште посоодветна пропратна музика, двајца борци во ова видео ви ги прикажуваат најдобрите техники кои можеме да ги пронајдеме ако се занимаваме со оваа вештина, речиси заборавена, но и понатаму еднакво ефектна.
Секако, станува збор за хумористично видео, но не е се шега, па можеме да речеме дека покажаните техники имаат смисла, барем во одредени ситуации кои можат да се појават за време на нормална прошетка во околината. Но, целта на ова видео е квалитетно да се насмееме, а ние успеавме во тоа, дури о го погледнавме три пати. Уживајте!
.