Германскиот боксер Едуард Гутнехт е во идуцирана кома

eduard-gutkneht

Германскиот боксер Едуард Гутнехт (34г.) падна во соблекувалната по мечот со Џорџ Гроувс на „Вембли арена“ во Лондон, при што веднаш е префрлен во болница каде што итно е опериран поради крварење во мозокот и во моментов се наоѓа во индуцирана кома.

Гутнехт паднал во соблекувалната откако го загубил мечот од 28-годишниот Џорџ Гроувес за интернационалната титула во WBA верзијата во супер средна категорија.

 Во текот на мечот Германецот примил неколку тешки удари, а на крајот загуби по 12 рунди.

„Гуткнехт се наоѓа во индуцирана кома, но тоа е нормално имајќи ја предвид операцијата извршена над него, Се надеваме на најдоброто“, изјави претседателот на Германскиот боксерски сојуз, Томас Пуец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО