Георгиевски во МОК: Сребрениот медал од Токио во Париз ќе стане – злато!

Освојувачот на сребрениот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, Дејан Георгиевски, што е најголем спортски успех за Македонија по осамостојувањето, разбирливо беше главна ѕвезда на денешната прес-конференција на Македонскиот олимписки комитет (МОК) на која присуствуваа најголемиот дел од олимпијците.

Фантастичниот таеквондист им се заблагодари на сите во државата за поддршката и за пофалбите по големото остварување и вети уште понапорна работа и злато од следните игри во Париз во 2024 година.

„Голема благодарност на цела Македонија, но и на сите со кои бевме во Токио. Се развија големи пријателства помеѓу сите спортисти. Најавив дека одам на медал и тоа го остварив. Емоциитете полека стивнуваат и веќе почнавме со подготовки за следните натпреварувања. Почнав да собираме поени за следните ЛОИ во Париз, каде што ќе сторам сѐ да го позлатам среброто од Токио. До крајот на годината нѐ очекува и Светското првенство во Кина, каде што исто така одиме на најдобар можен резултат“, вели Георгиевски.

Главно излагање на прес-конференцијата имаше првиот човек на МОК, Даниел Димевски, кој потенцира дека било привилегија да се биде во Токио и да се претставува Македонија на овој голем настан. Тој најави дека и во иднина ќе се трудат нашите спортисти да постигнуваат добри резултати, а не само да ја следам кубертеновата аксиома за „Важно е да се учествува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО