Златното момче од Бутел, Дејан Георгиевски, така го нарекуваат од неговиот таеквондо клуб „Бутел“, се подготвува за нови предизвици на европската таеквондо сцена. Тој вели дека ова е негова година во која ќе забележи врвни резултати.
Ќе потсетиме дека на неодамна одржаниот Меѓународен турнир „Софија опен 2015“, на кој настапија 1.100 натпреварувачи од 14 држави Георгиевски освои златен медал, извојувајќи четири победи. Дејан прикажал одлични борби, навестувајќи дека неговата форма е во подем.
На турнирот збележителен успех постигнаа и неговите клупски другари Ања Русовска – сребрен медал, Ана Марија Георгиевска – сребрен медал, Аврамовски Марко – бронзен медал, сите во класа А.
ipon.mk/В.Д.