Македонскиот олимписки медалист, таеквондистот Дејан Георгиевски не успеа да се избори за финале на престижниот „Президент купот“ во Истанбул, Турција, откако во полуфиналната пресметка загуби од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на Слоновата Коска.
Георгиевски на еден од најсилните светски таеквондо собири на крајот запиша одличен успех закитувајќи се со бронзениот медал. Сисе во полуфиналето го победи македонскиот таеквондист со 2-0 по рунди, со 4-0 и 3-1 во поени во секоја од рундите.
Претходно, Георгиевски славеше против Хамидрезa Бадријaлијабади од Азербејџан со 2-0 во рунди, или убедливо со 4-0 и 11-0 во двете рунди на поени, за да во мечот за битка за медал триумфира со 2-0 во рунди, или 3-0 и 6-5 на поени по пооделните рунди, против домашниот таеквондист Берат Хусеин Демирчиоглу од Турција.
Другите наши натпреварувачи резултатски не го следеа Георгиевски.
Резултати
+87 кг
Дејан Георгиевски – Хамидреза Бадријалибјади (Азербејџан) 2-0
Дејан Георгиевски – Берат Хусеин Демирчиоглу (Турција) 2-0
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Чеик Салах Сисе (Брегот на Слоновата Коска) 0-2
-87 кг
Филип Додевски –
-73 кг
Анамарија Георгиевска – Карлота Занони Пијагет (Шпанија) 1-2
-62 кг
Мила Рељиќ – Сефика Чакал (Турција) 0-2
-57 кг
Сања Поповска – Амна Могхал (Норвешка) 0-2
-46 кг
Фросина Рајковска – Суехеда Челик (Германија) 0-2