Георгиевски: Бевме дојдени по медали, а сите три борби беа со фуриозни победи

Дејан Георгиевски уште еднаш ја израдува нацијата со освоениот сребрен медал на Европските игри во Краков, Полска.

Нашиот таеквондист на сребрениот медал од Олимписките игри во Токио додаде уште едно сребрено одличје.

Дејан вчера во финалето со Кејден Луис Канингам загуби 0-2, но остави одличен впечаток и докажа деке може да се стаса до врвот.

Георгиевски за Ипон.мк ги сподели првите импресии по освојувањето на сребрениот медал.

Уште една историска битка и уште едно сребро. Кои се твоите први впечатоци по финалниот меч?

-Немам некои посебни впечатоци. Да поминат неколку дена, да ја прегледам борбата, па потоа би можел да коментирам за тоа.

Претходно имаше три победи, во првата и втората со пресврт, а полуфиналната ја реши доста ефективно. Дали во финалето имаше замор?

-Предходно имав 3 борби до финалето. Сите три борби беа со фуриозни победи, исто така и во полуфиналето. Па да, имаше малку замор, но не беше тоа одлучувачки за победа во финалето.

Како го прославивте сребрениот медал, особено ако се знае дека тоа единствен медал за Македонија?

-Немавме некоја посебна прослава, бидејќи ние и очекувавме медал. Секако, тука бевме дојдени по медали. Борбите завршија доцна вечерта, си дојдовме во хотел и одмарање.

Имаш уште неколку настапи годинава. Какви се палновите за овие исклучително важни настани за обезбедување норма за ОИ 2024 во Париз?

-Да, има неколку големи настапи до крајот на годинава. Тие почнуваат од септември, до тогаш немаме натрпевари, но имаме двапати тренинг-подготовки кои ги организира Македонската таекводно федерација.

Резултати
Дејан Георгиевски – Матија Молин (Италија) 2-0
Дејан Георгиевски – Андриј Харбар (Украина) 2-1
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Иван Мартинез Гарсија (Шпанија) 2-0
Финале
Дејан Георгиевски – Кејден Луис Канингам (Велика Британија) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON