Георгиев со судиска одлука загуби од Маковеев

Со судиска одлука Димитар Георгиев ја загуби борбата против Марион Маковеев од Бугарија во категоријата до 75 килограми во лоу кик на Европското првенство во кик бокс во Билбао, Шпанија. И вториот наш претставник, Александар Најдовски, не ја вкуси сласта на триумфот, бидејќи и тој е поразен од Артурс Озолинос од Латвија.

Dimita Gogieeev

Вчера Ненад Манојловски во лоу-кик во категоријата до 67 килограми претрпе пораз од Ремзија Дачиќ од Црна Гора со минимална разлика, а Далибор Огненов во К-1 до 75 килограми морал да ја предаде борбата поради повреда. Огненов повредата на задната ложа на десната нога ја заработил уште во првата рунда, но стиснал заби и издржал до третата рунда. Заради големи болки ја предава борбата, така што Русинот Даци Дациев ги продолжува борбите на ЕП.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON