Георгиев: Полската публика нема да зажали, пак ќе не бара!

Димитар победник

На 17 и 18 април во Врашава, Полска, нашите репрезентативци во кик бокс Мики Ивановски и Кристина Стојчевска ќе имаат професионални мечеви  во К-1 на „ДСФ кикбоксинг челинџ“ настанот, а Димитар Георгиев во фулконтакт.

Нашите кикбосери се највени како ѕвезди, односно Ивановски како носител на бронзен медал од Европското првенство во Шпанија минатата година, а ќе се сретне со Камил Рута, а Димитар Георгиев како двократен светски шампион, кој годинава треба да ја брани титулата. Тој ќе се бори против Лукаш Вичовски. Додека Стојчевска ќе се сретне со Дорота Годзина и оваа борба е една од главните на овој настан.

Dimitar Georgiev plakata za polska

Кажи нешто повеќе за настанот во Полска, бидејќи тоа ќе биде гала вечер на која ќе има многу познати имиња.

-Тој е еден од подобрите турнири во Европа, каде што одат само квалитетни и искусни борци, затоа ми е драго што не поканија токму нас.

Какво мислење имаш за твојот противник во македонско-полскиот дуел?

-Како и секој противник, така и овој, нема да го потценам. Ги гледав неговите борби и мислам дека Вичовски е искусен и подготвен кикбоксер.

Димитар со девојки

Ова ќе биде прва професионлна борба надвор од Македонија од ваков карактер оваа година?

– Прва професионална надвор од Македонија, втора, вклучувајќи го и Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“.

Колкав е нагрданиот фонд?

-Наградниот фонд е доволен за почеток!

Како се подгтовуваш за средбата со Полјакот Вичовски? Со кого работиш?

-Тренерот на репрезентацијата, Драган Атанасовски, ни ги држи тренинзите, а од борците, заедно тренираме со Мики Ивановски и Ненад Манојловски, но често доаѓаат и другите репрезентативци, за да имаме што поквалитетни спаринг-борби. Тие ни помгаат да се подготвиме што подобро за овие важни мечеви.

Димитар и Стојанче

 Како увертира на овој меч имаше одличен настап во Србија. Што може да очекува полската публика од Димитар Георгиев, која ќе биде во огромен број?

-Ако ги сакаат Македонците во Полска, мислам дека публиката ќе биде многу среќна од она што ќе го прикажеме. Верувам дека повторно ќе не побараат да учествуваме на нивните настани.

Што следува по овој меч, односно како одат подготовките за одбраната на светската титула?

-Третото Светско првенство ми е огромен предизвик. Подгоовките се многу напорни и нема ден а да не помислам на одбраната на титулата. Сакам да направам хет-трик, што ретко на некој спортист му тргнало од рака такво нешто.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON