Македонските боксери ќе имаат генерална проба во Сараево пред Златниот гонг овој викенд.
Селекторот Петар Чурлиновски на Меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Хајрулаховиќ-Талијан“ ќе ги води сениорите, за да види каква е нивната форма и што ќе треба да се работи до Златниот гонг во ноември.
Во Сараево ќе патуваат: -52 кг Џан Демиров (Баргала), 75 кг Октај Фератов (Борец), 60 кг Јове Петровски (Пелистер)и 81 кг Арсим Етеми (Алексо Огненовски).
Ipon.mk