Генерација за нова историја-три бронзи за таеквондистите на Бутел на „Софија опен Г1“

Филип Блажевски, Андреј Василевски и Теодор Стојановски од Таеквондо клубот Бутел освоија бронзени медали во јуниорска конкуренција на еден од најсилните меѓународни турнири во Европа „Софија опен Г1“ со 1300 натпреварувачи од цел свет.

Филип Блажевски освои бронза во јуниорска конкуренција  со три победи над противници од Грција, Данска и Украина.

И Андреј Василевски извојува три победи против таеквондсити од  Грција, Хрватска и Британија, а Теодор Стојановски забелеѓа две победи над противници од  Грција и Србија.

Медлаистите ги водеше тренерот Викторија Спасовска.

„Да ги запомниме овие имиња“, порачаа од Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО