Денес официјално е соопштено за боксерската битка меѓу светскиот шампион во средна категорија на ВБА, ИБФ и ВБЦ, Генади Гловкин и Американецот Доминик Вејд. Телевизискиот канал на ХБО директно ќе го пренесува мечот.
Средбата Головкин – Вејд ќе се одржи на 23 април во Ингалууд, Калифорнија. Победникот од овој дуел ќе биде обврзан да се бори со победникот меѓу Саул Алварез и Амир Кан.