Генади Головкин гоприфаќа предизвикот на Саул Алварез

Golovkin -Alvarez

Светскиот шампион во средна категорија, Казакстанецот Генади Головкин (33 г.), веднаш одговори на предизвикот од страна на новиот шампион во средна категорија на ВБЦ, 25 годишниот Мексиканец, Саул Алварез.

 „Алварез одработи многу добар меч против Кото. И двајцата боксери се претставија на исклучително високо ниво. Јас сум подготвен да се сретнам со Саул во секој момент“,  изјави Генади.

Головкин ја следеше средбата меѓу Алварез и Кото од публиката, за да има увид во мечот одблизу. Интересено е тоа што претходно Алварез му беше спаринг партнер на Головкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО