Гејџи за пензионирањето на Мек Грегор: Ти повторно си пијан!

Џастин Гејџи пред еден месец го освои шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија со победата над Тони Фергусон, кој многумина го сметаа за голем фаворит.

Се веруваше дека по победата над Фергусон, Геџчи може да се бори со Хабиб Нурмагомедов или можеби со Конор Мек Грегор, но утрово Ирецот најави пензија по трет пат.

Пораката на Мек Грегор за крај на неговата кариера во УФЦ не доаѓа многу по успешното враќање во октагон и експресната победа над Доналд Цероне.

Гејџи не го штедеше Ирецот по изјавата дека ќе се пензионира. Тој смета дека Мек Грегор повторно е пијан, но и потсети на немилиот настан кога контроверзниот борец удри еден постар човек во паб затоа што не сакаше да го пие неговото виски. Тоа беше инцидент по кој многумина изгубија почит кон ирскиот борец.

„За среќа, сите постари лица сè уште се кријат во своите домови. Овој човек повторно се опијанил“, напиша Гејчи на Твитер.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО