Гејџи се мајтапи со УФЦ оти му го згрешиле презимето

Привремениот шампион во лесна категорија Џастин Гејџи го исмеја УФЦ поради направената правописна грешка со која му го згрешија презимето.

На една од нивните свечени вечери во Абу Даби, УФЦ во кафезот постави реклама за борбата меѓу Хабиб и Гејџи, кои ќе се борат на крајот на месецот.

Наместо да ја напишат „Gaethje“ од УФЦ, тие ја напишаа „GaeJTHe“, што беше причина за голем потсмев. На својот профил на социјалните мрежи, привремениот шампион рече дека УФЦ треба само да го користи неговото име, бидејќи  така нема да згрешат.

„Можеби треба само да напишат Хабиб против Џастин“, напиша Гејџи.

Хабиб и Гејџи ќе се борат на УФЦ 254 на островот Јас, за обединување титулите. Гејџи со победа има шанса да влезе во историјата, бидејќи тоа ќе ја запре серијата од 28 последователни победи на Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON