Гејџи нема да се бори во УФЦ, ако Конор добие меч за титулата

Конор Мек Грегор има многу симпатизери ширум светот, но сигурно има и такви кои не го толерираат Ирецот. Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Џастин Гејџи, во повеќе наврати го искажа несакањето кон сите познати.

По поразот на Мек Грегор од Дастин Пориер, противниците на поранешниот шампион во две категории, на бранот на ова не престанаа да „исфрлаат голем арсенал на Конор“.

На расположението се приклучи и Гејџи (32), кој не беше воодушевен од настапот на Мек Грегор на УФЦ 257.

„Слушнав дека по мечот Џон Каванаг рече оти Конор сакал реванш со Пориер за титулата во лесна категорија“, рече Џстин.

„Очигледно неговиот тренер е идиот како него. Конор е најпривилегираниот борец, а, сепак, не успеа да ја искористи својата шанса.

Тој мораше да победи на овој меч и сега се преправа дека е г-дин Понизност. Но, сите знаеме што ќе речеше ако победеше.

Нема начин да се бори за титулата. Ако тоа се случи, ќе морам да ја преиспитам својата иднина во УФЦ. Ова ќе биде тотална катастрофа. Тој во моментов е рангиран на 6-тото место во лесна категорија, има само една победа во нашата категорија.

„И, згора на тоа, тој ги избира своите противниците. Би бил среќен да се борам со него, но сигурно нема да биде мојот следен противник“, изјави Гејџи, кој е № 2 на ранг-листата во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО