Гејџи: Брутално ќе го нокаутирам Тони Фергусон

Џaстин Гејџи е уверен пред неговата борба со Тони Фергусон, која ќе биде главна овој викенд на УФЦ 249 во Флорида. Залог е привремената титула во лесна категорија, како и серијата победи на двајцата конкуренти. Фергусон е во серија од 12 победи, а Гејџи е во низаа од три со брутални нокаути во првата рунда. Несомнено е дека ќе има спектакл во оваа борба во која Гејџи ветува дека брутално ќе го нокаутира својот ривал.

„Хајлајт“ доби 18 борби со нокаут и е цврсто решен да се бори се додека некој не падне.

„Ќе се борам додека не го завршам, или додека не ме заврши. Тоа е она што го правам и тоа е она што секогаш го правев. Имам моќ да го запрам и верувам дека ќе го направам тоа. Тони Фергусон е одличен борец кој е во серија од 12 последователни победи, но, брутално ќе го нокаутирам“, изјави Гејџи.

https://www.instagram.com/p/B_lsy4OJpj9/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON