Гејџи: Брутално ќе го нокаутирам Хабиб и ќе го пензионирам

Привремениот шампион во лесна категорија Џастин Гејџи верува дека ќе може да му ја нанесе првата загуба на Хабиб Нурмагомедов. Тие ќе се борат наесен на борбениот остров во Абу Даби за обединување на појасите. Гејџи е во подем и неговата победничка низа вклучува четири последователни нокаути. 31-годишниот Американец не престана да ги забавува навивачите уште од доаѓањето во УФЦ.

Тој беше шампион во ВСОФ, бранејќи ја титулата пет пати. Гејџи почна во УФЦ со нокаут над Мајкл Џонсон и лапна два бонуси. Следеа две последователни нокаут порази од Алварез и Пориер, а по нив тој направи промени и се чини дека е незапирлив. Гејџи има скорд 5-2 во УФЦ и има освоено 9 бонуси на тие натпревари. Сега дава се од себе во салата за тешката битка и верува дека ќе го нокаутира непоразениот Дагестанец.

„Верувам дека мојата судбина е да бидам првиот што ќе го победив Хабиб. Мислам дека мојот стил е совршен за борба со Хабиб. Не сакам да покажам непочитување кон Пориер, Фергусон и другите во категоријата, но нивните стилови не одговараат на Хабиб. Нурмагомедов е кошмар за сите борци кои немаат основа во борењето. Не велам дека можам да се борам како него, но дојде моето време.

Сè што ми треба е да ја одржам борбата во центарот на кафезот. Треба да се спротивставам со мои сили. Нема да се борам според неговите правила и нема да го направам тоа што сака тој. Хабиб многу вешто ги користи инстинктите на една личност. Брутално ќе го нокаутирам. Ова е единствениот начин и ова е она што го правам најдобро. По овој пораз тој ќе се пензионира од ММА. Тој е добар човек, но ми дојде времето.

Не знам колку е силна брадата на Хабиб и дали ќе издржи на силни удари. Колку што знам, Дастин и Џонсон успеаја да го здрмаат Хабиб. Тој не паничи во вакви моменти. Никој друг не беше во можност да го оштети неговото држење. На крајот, еден од нас ќе падне. Можете да видите дека моите противници во УФЦ не ми должеа ништо. Тоа ќе биде тешка битка во која некој од нас ќе падне“, изјави Гејџи.

https://www.instagram.com/p/CB9c4UAJWOa/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО