Газдата на ВБЦ: Фјури е следниот противник на Вајлдер!

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Маурицио Сулејман потврди дека следниот меч на Дионтеј Вајлдер најверојатно ќе биде против Тајсон Фјури. Веќе неколку недели двете страни преговараат за условите на средбата.

„Очекуваме понуди од промотори за организирање на средбата – рече Сулејман и додаде: „Официјалниот кандидат за појасот е Доминик Бризил. Дилиен Вајт е носител на сребрениот појас, но тој не е официјален предизвикувач. Тој доби понуда да стане таков, ако се справи со Луис Ортиз , но се откажа“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО